Sinan Polat
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
АНКАРА (AA) – Воздушните сили на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДАЕШ рано утрово со дозвола на Турција изведоа напади на резиденцијата на конзулатот на Република Турција во ирачкиот град Мосул, која од лето 2014 година ја користи ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Република Турција соопшти дека авионите на коалициските воздушни сили утрово во 3 часот по локално време ја нападнаа зградата на резиденцијата на турскиот конзулат во Мосул во која според разузнавачките сознанија од јуни 2014 година престојуваа припадниците на ДАЕШ и тоа претставнци на самиот врв на таа терористича организација.
"Акцијата од подготвителна фаза до нејзиното извршување е водена во соработка и во согласност на Република Турција која и понатаму ќе ја продолжи соработката со коалицијата за борба против ДАЕШ", се наведува во соопштението на Министерството.
Терористите на ДАЕШ во почетокот на јуни 2014 година ја преземма контролата во вториот по ред најголем ирачки град Мосул и во таа прилика во зградата на турскиот конзулат во тој град заробија 49 службеници од конзултатот и членови на нивните семејства. Киднапираните турски дипломати и нивните семејства ослободени се по три месеци, и на 20 септември се вратени во Турција.