Nazlı Yüzbaşıoğlu
08 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турција остро го осуди нападот со хемиско оружје извршен вчера во Дума, Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека со длабока загриженост биле информирани околу вчерашниот напад со хемиско оружје во Дума, каде голем број лица го загубија својот живот.
„Остро го осудуваме нападот за кој постои цврсто сомнение дека е извршен од страна на режимот, чиј регистар за користење на хемиско оружје е познат од страна на меѓународната заедница. Овој случај покажува дека уште еднаш се игнорираат резолуциите 2118, 2209 и 2235 на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението на турското МНР.
Се додава дека се очекува меѓународната заедница да реагира против овој напад, и меѓународните организации, пред сè Организацијата за забрана на хемиското оружје, веднаш да започнат истрага околу овој случај.
„Ги повикуваме сите страни кои имаат влијание врз сирискиот режим да ги извршат своите обврски за итно спречување на ваквите брутални напади чија цел се цивилите, и кои претставуваат злосторство против човештвото; кои се повторуваат бидејќи не се преземени мерки против претходните напади, како и да ги направат потребните чекори за овие напади да не останат неказнети“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Тимовите на Цивилната одбрана претходно соопштија дека 40 цивили загинале во нападот со хемиско оружје извршен во Дума, Источна Гута, која е под блокада на Асадовиот режим.
Моментално околу 100.000 лица живеат под блокада во подрачјето на Дума, кое е последната точка во Источна Гута под контрола на опозицијата.