Sorwar Alam
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
АНКАРА (АА) - Владата на Република Турција денес испрати до Парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци, изјави турскиот вицепремиер и портпарол на Владата, Бекир Боздаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг, по седницата на Владата изјави дека вонредната состојба е насочена против терористите и терористичките организации, а не против мирните граѓани во Турција.
Кабинетот на турската Влада ја усвои препораката од Советот за национална безбедност, во која се бара продолжување на вонредната состојба во Турција.
Боздаг истакна дека доколку Парламентот ја усвои, одлуката за седмото продолжување на вонредната состојба ќе стапи на сила на 19-ти април.
Вонредната состојба во Турција беше прогласена на 20 јули 2016 година по неуспешниот обид за воен удар, кој бше изведен на 15 јули од страна на терористичката организација ФЕТО. За време на обидот за воен удар загинаа 250 лица, а околу 2.200 беа ранети.