Barış Kılıç
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
АНКАРА (АА) - Обвинителството во Анкара поднесе две обвиненија против вкупно 183 воени лица, учесници во обидот за државен удар на 15. јули минатата година, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Едно од обвиненијата се однесува на 33 лица од турското воено судство, а станува збор за лица за кои обвинителството бара доживотна и поединечна казна затвор во траење од 45 години и шест месеци поради обид за нарушување на уставниот поредок, членување во терористичка организација, верижно фалсификување на службени документи и нанесување штетa на државните институции во врска со фалсификувањето на службенитe документи.
Според обвинението, обвинетите требало да ја го сочинуваат таканаречениот 'рбет на судството во периодот по пучот, односно во првите денови и месеци по 15. јули 2016 година, во случај обидот на терористите да успееше. Обвинетите требало да организираат судови во името на таканаречениот "Советот за мир во земјата", кој ќе им суди на обвинетите кои би биле заробувани во рамките на "состојбата на опсада" односно т.н. "принудна управа", чие воспоставување им било во план на членовите на терористичката организација ФЕТО веднаш по 15. јули.
Напредувањето во кариерата на обвинетите во овој случај со подигање на обвинението е исто така оспорено, со оглед на тоа што обвинителството има намера да докаже и дека овие лица, според вообичаената практика на паралелните структури на ФЕТО, до прашањата за одредени приемни и стручни испити доаѓале многу порано во однос на другите кандидати.
Со второто обвинение на истото обвинителство се опфатени 150 офицери на копнените сили на турската војска. Со ова обвинение се опфатени генерали и други високопозиционирани офицери, а се товарат за обид за соборување на легитимната власт со употреба на сила. Обвинителството за обвинетите бара казна доживотен затвор.
Терористичката организација ФЕТО/ПЈД во 70-тите години од минатиот век започна со инфилтрација на свои поданици во безбедносните институции на Турција, за во 80-те години значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во овие институции и, на крај, на 15. јули минатата година изведе неуспешен обид за воен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.
Турските власти побараа од страна на САД укинување на Зелената карта на Фетула Ѓулен, лидерот на ФЕТО. Нему претходно, врз основа на давање лажен исказ му е поништен турскиот пасош. По јулскиот обид за воен удар, Турција од САД во повеќе наврати и официјално побара привремено апсење и екстрадиција на Ѓулен.