Handan Kazancı
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
БИТЛИС (АА) - Од полициски извори се дознава дека денес е приведен градоначалникот на турскиот источен град Битлис, како дел од антитерористичката истрага, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите од одделот за антитероризам на полициската станица во Битлис го уапсија градоначалникот Хусеин Олан, како и Невин Дашдемир Дагкиран, ко-претседател на општината, како дел од антитерористичката истрага, вели изворот кој зборуваше под услов на анонимнот.
Полицијата исто така ја истражува и општинската зграда.
На 17 ноември, градоначалникот на Тунџели, Мехмет Али Бул, градоначалникот на Ван, Бекир Ќаја од Демократската регионална партија (ДБП) и четворица други официјални лица на општината беа притворени.
На 21 ноември, двајца суспендирани градоначалници, Ахмет Турк од областа Мардин и Емин Ирмак од областа Артуклу, исто така беа притворени.
На почетокот од месецот, 13 пратеници од Народната демократска партија (ХДП) беа притворени. Десет лица, вклучувајќи ги и ко-претседателите Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг, се во притвор и го чекаат судењето за обвиненијата поврзани со тероризмот.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против Турција во јули 2015 година. Таа е одговорна за смртта на повеќе од 1.100 члена на безбедносните сили и цивили, вклучувајќи жени и деца.
Околу 10.000 терористи на ПКК се неутрализирани или приведени за време на истиот период.