Şener Toktaş,Servet Taşdemir
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
БИТЛИС (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи кои утринава извршија напад врз полициска патрола во областа Татван во југоисточната турска покраина Битлис, јавува Anadolu Agency (AA).
Тројца припадници на терористичката организација ПКК утринава извршија напад врз полициска патрола на патниот правец Татван - Ван. Терористите кои во близина на контролниот пункт дошле со автомобил, ја гаѓале полицијата со ракетен фрлач и огнено оружје.
Турските безбедносни сили одговорија на нападот во кој беа неутрализирани сите тројца терористи.
Во нападот ранети се и тројца цивили, меѓу кои и еден кој се наоѓа во животна опасност.
На местото на нападот пристигнаа специјалните единици кои трагаат по евентуалниот помагач на терористите, а ранетите цивили се префрлени во болница во Татван.