Şener Toktaş
18 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
БИТЛИС (AA) - Kако последица на терористичкиот напад во Битлис, животот го изгубија уште двајца војници. Бројот на загинати достигна 6 лица, а за другите петмина повредени војници продолжува лекувањето, јавува Аnadoly Agency (AA).
Според добиените информации, во терористичкиот напад во периферијата на округот Хизан, двајца од повредените војници починаа во болница, а пак другите петмина повредени војници се на лекување.
- Продолжуваат воздушните операции за поддршка -
При пресметката во операцијата против терористичката организација ПКК, во периферијата на селото Назар, животот го изгуби припадникот на локалната заштита, Муслим Јалдиз, кој бил оженет минатата година, татко на едномесечно дете. Еден војник бил повреден. При враќањето на оклопните возила коишто вршеле операции во селото, во близина на селото Гајда бил извршен терористички напад. Рачно изработената екплозивна направа била поставена во патот и активирана при поминувањето на оклопните возила. Во експолозијата животот го изгубија тројца војници, а уште седуммина други се повредени.
Во регионот продолжуваат воздужните операции за поддршка.