Zehra Ulucak
21 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во поплавите што го зафатија југот на Италија настрадаа најмалку 11 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Цивилната заштита на Италија соопшти дека пет лица исчезнале по поплавите што го зафатија и Националниот парк „Раганело“, во Калабрија“, јави новинската агенција АНСА.
„Би-би-си“ (BBC) јави дека се спасени 18 лица, меѓу кои и десетгодишно дете, а шест лица се сместени во болница на лекување.
Сè уште не е познато колку лица се наоѓале на подрачјето погодено со поплавите.