Ekipa
27 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во Турција, во знак на почит на жртвите во терористичкиот напад во Египет, денешниот ден е прогласен за Ден на жалост, а утрово знамињата на институциите во Турција и во турските претставништва во странство се спуштени на половина копје, јавува Anadolu Agency (AA).
Во согласност со одлуката, и турската амбасада во Скопје го спушти знамето на половина копје во чест на жртвите од терористичкиот напад во Египет.
За потсетување, најмалку 305 лица загинаа во напад врз џамија во Ал-Ариш на египетскиот Синајски Полуостров. Египетското Обвинителство потврди дека нападот бил извршен од страна на припадници на терористичката организација ДЕАШ и дека во нападот учествувале 25 до 30 терористи.