Ekipa
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
БУРСА (АА) - Заменик премиерот на Република Турција, Хакан Чавушоглу, денес изјави дека е невозможно да се воспостави глобален мир сѐ додека тој не заживее на Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не заборавајте дека Балканот е место на кое заискри искра и е запален факелот на две светски војни. Секое загрозување на мирот и спокојството на Балканот е голема закана за целиот свет. Нашиот став е дека сите наши браќа во тој регион треба да живеат во согласност со сите права и слободи“, порача Чавушоглу за време на своето обраќање во Бурса.
Потсетувајќи дека вчера е одбележан Меѓународниот ден на борбата против насилството врз жените, Чавушоглу порача дека сите облици на насилство и дискриминација над жените се неприфатливи.
Истакнувајќи дека Турција заговара постојано единство и соработка со земјите од Балканот, Чавушоглу изјави дека по воспоставувањето на единството и заедништвото во Турција истото тоа е потребно и во земјите на Балканот.
Тој најави дека државјаните на Бугарија и на Грција кои по потекло се Турци можат да добијат долгорочни дозволи за престој во Турција доколку влезат во земјата до крајот на оваа година.