Fatih Erel
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција се надева дека ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство на УЕФА во 2024 година, за првпат по досегашното пријавување за четири последователни турнири, пишува Anadolu Agency (AA).
Извршниот комитет на УЕФА на 27 септември ќе се состане во Нион, Швајцарија, за да го избере домаќинот на ЕВРО 2024 од двете земји кандидати: Турција и Германија.
„Се надеваме дека ќе бидеме домаќини на ЕУРО 2024“, истакна претседателот на Турската фудбалска федерација, Јилдирим Демирорен.
Демирорен, исто така, ја истакна стратешката положба на Турција која ги поврзува континетите и младите луѓе, како и најсовремениот транспортен систем, стадионите и инвестициите во спортот.
УЕФА, исто така, нагласи дека Турската фудбалска федерација вложила огромни ресурси во своето залагање да биде домаќин на натпреварувањето.
Како дел од тоа, турското Министерство за култура и туризам ќе ги промовира главните туристички дестинации во Турција, вклучувајќи ги Истанбул и Анталија.
„Многу нови стадиони се изградени во Турција, додека стадионите во Германија се застарени“, истакна во соопштение турското Министерство за млади и спорт, додавајќи дека земјата е добро подготвена.
Космополитскиот град Истанбул со своите два стадиона и нови аеродроми, за патувањата од Европа, Азија и Африка е најдобриот избор.
Од Турската фудбалска федерација се вели дека Германија веќе била домаќин на натпреварувањето, но доколку овој пат Турција биде домаќин, европскиот фудбал ќе достигне и понатаму од Европа.
Финалето во Лигата на шампиони на УЕФА во 2020 година, исто така, ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.
- Мотото на Турција за ЕВРО 2024: „Споделете заедно“ -
„Мотото на Турција за ЕВРО 2024 на УЕФА е „споделете заедно“, кое има намера да ги зближи луѓето преку нивната страст за фудбалот“, соопшти фудбалското тело на земјата.
Официјалната веб-страница www.euro2024adayiturkiye.com е на англиски и на турски јазик, со цел да ги сподели сите детали за кандидатурата со европските и турските заедници. Веб-страницата, исто така, ги промовира потенцијалните градови во Турција за натпреварувањето.
Досието за кандидатурата на Турција за европскиот фудбалски шампионат 2024 претставува 10 стадиони во девет градови.
Предложените стадиони се: Олимпискиот стадион „Ататурк“ и стадионот „Турк Телеком“ во спортскиот комплекс „Али Сами Јен“ во Истанбул; стадионот на Град Бурса; стадионот „Анталија“ во Анталија; Новиот стадион „Ескишехир“ во Ескишехир; стадионот во Газиантеп, стадионот на Општина Коња; спортскиот комплекс „Шенол Ѓунеш“ во Трабзон; Новиот стадион во Коџаели и Новиот стадион во Анкара.
Турската национална асоцијација прво поднесе декларација за заинтересираност да биде домаќин на ЕВРО 2024 на УЕФА во март 2017 година.