Tuğba Yardımcı
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ГИРЕСУН (АА) - Гувернерот на Гиресун, Хасан Карахан, во врска со паднатиот хеликоптер на турските воени сили изјави дека продолжуваат истражувањата за откривање на причините на несреќата од страна на екипите за крим-техника кои ги испратија соодветните институции", јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за дописникот на АА, гувернерот Карахан ја изрази својата длабока тага, на семејствата на загинатите им изрази сочувство, а на ранетите поскоро опоравување.
Гувернерот Карахан истакна дека во Институтот за судска медицина во Трабзон е извршена обдукција на седумтемина загинати кои со сите воени почести ќе бидат испратени во своите родни места.
Во продолжение гувернерот Карахан соопшти дека продолжува лекувањето на двајцата повредени од хеликоптерската несреќа во државната болница во Гиресун.
„Кога ќе бидат во состојба за трансфер, повредените ќе бидат префрлени во турската Воено-медицинска академија ГАТА во Анкара."
Гувернерот Карахан рече дека временските услови на подрачјето во кое се случила несреќата биле неповолни, дождливи и магловити, и додаде:
„Синоќа областа на несреќата беше заштитена. Продолжуваат истражувањата за откривање на причините за несреќата од страна на екипите за крим-техника кои ги испратија соодветните институции. На теренот се и екипи од Генералштабот на турската армија. Местото на несреќата не покрива голем простор, на растојание од 50-тина метри се пронајдени неколку делови од хеликоптерот. Локалното население кои го познава теренот им помогна на нашите екипи. Беа од голема помош при извлекувањето на повредените од местото каде што се урнал хеликоптерот."
На прашањето на одредени претставници од медиумите дека пилотот на хеликоптерот пред падот рекол дека останал без гориво, гувернерот Карахан одговори: „Точно не знаеме, но на местото на несреќата се чувствува интензивен мирис на гориво. Зошто такво нешто направил сѐ уште не знаеме. Можеби за да не настане пожар по падот на хеликоперот?"