Özcan Yıldırım
07 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската армија, армискиот генерал Хулуси Акар, началникот на Генералштабот на армијата на САД, армискиот генерал Џозеф Френсис Данфорд и началникот на Генералштабот на армијата на Русија, Валери Герасимов, остварија тројна средба во Анталија, на која зборуваа на теми поврзани со безбедноста во регионот, првенствено за состојбата во Сирија и во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на Генералштабот на турската армија е објавен напис во кој се вели дека во Анталија, началникот на Генералштабот на турската армија, армискиот генерал Акар бил домаќин на тројната средба на која покрај него учествувале и началникот на Генералштабот на армијата на САД, армискиот генерал Данфорд и началникот на Генералштабот на армијата на Русија, Герасимов.
Во написот се вели дека на средбата станало збор за заедничките теми околу безбедносната ситуација во регионот, особено за ситуацијата во Сирија и во Ирак.