Güç Gönel
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Турската крајбрежна стража приведе 43 лица при обид за илегален влез од Турција кон грчкиот остров Кастелоризо, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за Сиријци кои со мал чамец се обиделе да стигнат до Грција.
Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Анталија, припадниците на Крајбрежната стража патролирале низ тоа подрачје и забележале чамец со бегалци. На чамецот имало 43 лица меѓу кои 17 деца.
Стотици бегалци од Блискот Исток со посредство на криумчари или самостојно со чамци, секојдневно се обидуваат преку Егејското Море да дојдат до некои грчки острови.