Amina Zorniç
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Во рамки на турнејата низ светските метрополи, илузионистот од Швајцарија во светот познат по своите способности во изведувањето на неверојатни магични трикови, Петар Maрвеј во Анталија го организира големото шоу „Волшебник без граници", јавува Anadolu Agency (AA).
Така манифестацијата ЕКСПО 2016 во турскиот град на југозападниот дел на Средоземното Море собра десетици илјади туристи и граѓани од локалното население кои беа сведоци на неверојатни илузионистички трикови на светски популарниот Швајцарец.
Најголемата овации предизвика неговиот настап во кој, по возењето на собен велосипеди, неговото тело буквално се поделило на труп и нозе.
Публиката со аплауз ги поздрави ид останатите трикови на марвејкао што се лебдеење во воздух, исчезнување и повторно појавување на сцена, ослободување од оковите и многу други трикови.
Анталија, каде што се наоѓаат најлуксузните летувалишта, се смета за престолнина на турската ривиера, чие име значи "Сјајна ѕвезда на Средоземното Море".