Vesna Besiç
16 Октомври 2016•Ажурирано: 16 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Службеници на полицијата уапсија 20 лица од Србија додека по едно лице сеуште се трага, а поради сомнежот дека на територијата на Црна Гора извршиле кривично дело создавање на криминална организација и кривично дело тероризам, соопшти директорот на Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора", јавуваAnadolu Agency (AA).
„Точно е дека службениците на Управата на полицијата, во текот на претходната ноќ, во соработка со Агенцијата за национална безбедност и во координација и по налог на Специјалното државно обвинителство, а постапувајќи согласно разузнавачките податоци со кои полицијата располагала, лишија од слобода 20 лица, државјани на Србија, додека за едно лице, исто така државјанин на Србија, се трага", рече Славко Стојановиќ, директор на Управата на полицијата на Црна Гора.
Нагласи дека овие лица се осомничени дека на територијата на Црна Гора „извршиле кривични дела создавање на криминална организација и тероризам".
„Тие, како што се сомнева, влегле во Црна Гора и имале намера првин да преземат автоматско оружје, а потоа вечерва да извршат напад на институциите на системот, полицијата и претставниците на државните органи, не исклучувајќи можност за напад на високи државни функционери", додаде Стојановиќ.
Управата на полицијата во врска со наведениот случај, во согласност со процедурата, на обвинителството му упати информација која е планирана за јавноста.