Bekim Laci
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денешната седница на Уставниот суд е одложена за следната среда, на која ќе се разгледува уставноста на одлуката за поставување на крст во општина Бутел во Скопје. Иницијативата за оценување на одлуката на општинскиот совет за ова веерско обележје е поднесена во март месец од страна на претседателот на Движењето за реформи- ДПА, истовремено и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Уставниот суд, Елена Гошева соопшти дека денешната седница е одложена по барање на судијата Сали Мурати кој не бил присутен за да даде објаснување за причината на одложување на оваа точка.
Во февруари, општина Бутел ја одобри одлуката за изградба на 55-метарски крст на влезот во општината од правец на општина Чаир. Како што кажаа од општината тогаш, предлогот бил даден од страна на Светскиот македонски конгрес (СМК).
Оваа одлука резултираше со протести организирани од страна на владејачката албанска партија, Демократска унија за интеграција (ДУИ), со образложение дека таквата одлука ќе ги наруши меѓуверските и меѓуетничките односи, со голем потенцијал да се создаде постојан конфликт помеѓу граѓаните.
На моменти протестите беа исклучително тензични, а завршија со демолирањето на постаментот на кој требаше да биде поставен крстот.
Следната седница на Уставниот суд е закажана за 29 јуни.