Ivana Ramadanova
18 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, според предлогот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ, јавува Anadolu Agency (AA).
Уставниот суд донесе и времена одлука со која се запираат сите дејствија поврзани со предвремените парламентарни избори.
Одлуката на Судот ќе биде објавена денеска во Службен весник, по што и формално стапува во сила. Судот следната недела треба да донесе конечна мериторна одлука за иницијативата за распуштање на Парламентот.
Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието.