Vesna Besiç
09 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
САРАЕВО (AA) - Правата босанска промоција на "Виртуелниот музеј на геноцидите над Бошњаците" се одржа денеска во Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
Виртуелниот музеј има цел да направи низа онлајн мултимедијални презентација да им претстави на корисниците на интернетот документи за континуитетот на геноцидот над Бошњаците. Се состои од интерактвина дигитална приказна за различни фази на геноцидите.
Онлајн презентацијата може да се прилагоди во физичкиот простор во кој дигиталната содржина ќе се прикажува на дигитален дисплеј. Вонредниот професор Селма Ризвиќ вели дека станува збор за онлајн проект кој е наменет за млади луѓе кои немале каде да учат за континуитетот на геноцидот над Бошњаците.
"Геноцидот не е само оваа последна војна, тој започна во 17 век и ние за првата фаза направивме 11 приказни за одредени фази на геноцидот низ историјата. Податоците ги добивме од Институтот за истражување на злосторства против човечноста и геноцидите во Сараево. Значи, сите податоци се веродостојни. Овој проект е реализиран благодарејќи на малата група на донатори која ја сочинуваат пионири на проекти заедно со еден креативен тим на чело со Фатмир Алиспахиќ кој го режираше и го напиша сценариото за приказните" појасни Ризвиќ.
"Се разбира дека ние имаме во план да го надградиме доколку имаме средства и добра волја така што на крајот ќе ги вмрежиме сите податоци во врска со геноцидите и одиме до ниво на документ како би се направил виртуелен музеј", рече Ризвиќ.
На овој начин истакнува Ризвиќ ќе се дознае за сите 11 фази на геноцидот.
"Секако ние тоа планираме да го надградваме доколку ќе има средства и добра волја така да на крај ги вмрежиме сите податоџи за геноцидот и да одиме до ниво на документи и да ги направиме во форма на виртуелен музеј", истакна Ризвиќ.
Зборувајќи за какви 11 приказни станува збор, таа вели дека се работи за почетокот на протерување на Бошњаците кога турската империја ја загубила својата сила и почнала да се повлекува од овие простори, а тогаш државите кои ги преземале тие простори ги протерувале жителите од муслиманска вероисповест.
"И тогаш во фазите на секои 50-100 години се случуваше геноцид, за време на Кралството Југославија, па и во Втората светска војна и до овој последен геноцид. Тоа што е интересно, што може да се примети во овие 11 приказни е дека причината за нив е иста. Значи истиот патент на геноцидот, протерување, уништување на културните и верските објекти и страшните злосторства над цивилното население", порача Ризвиќ.
Направена е и онлајн верзија на проектот на англиски јазик.