Murat Ünlü
17 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја одобри новата влада формирана од страна на премиерот Едуард Филип, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на Елисејската палата, Алексис Колер, го соопшти составот на кабинетот, односно 22 лица во владата на политичарот од централната десница, Едуард Филип.
Според изјавата на Колер, на листата на формираниот кабинет се наоѓаат имиња од централната левица и централната десница, од кои 11 жени и 11 мажи. Според тоа, листата на кабинетот е следна:
- Жерар Колом (Gerard Collomb), државен министер и министер за внатрешни работи
- Никола Јуло (Nicolas Hulot), државен министер и министер за екологија
- Франсоа Бајру (François Bayrou), државен министер и министер за правда
- Силви Гулар (Sylvie Goulard), државна министерка и министерка за одбрана
- Жан-Ив Ле Дриан (Jean-Yves Le Drian), министер за ЕУ и за надворешни работи
- Ричард Феран (Richard Ferrand), министер за интеграција
- Агнес Бузин (Agnes Buzyn), министерка за здравство и солидарност
- Франсоа Нисен (Françoise Nyssen), министерка за култура
- Бруно Ле Мер (Bruno Le Maire), министер за економија
- Мјуриел Пеникад (Muriel Penicaud), министерка за труд
- Жан Мишел-Бланке (Jean-Michel Blanquer), министер за национално образование
- Жак Мезард (Jacques Mezard), министер за земјоделство
- Џералд Дарманин (Gerald Darmanin), министер за финансии
- Фредерик Видал (Frederique Vidal), министерка за високо образование, истражување и развој
- Аник Жирарден (Annick Girardin), министерка за иселеништво
- Лора Флесел (Laura Flessel), министерка за спорт
- Елизабет Борн (Elisabeth Borne), министерка за транспорт
- Мариел де Сарнез (Marielle de Sarnez), министер за европски прашања
- Кристоф Кастанер (Christophe Castaner), владин портпарол и министер за парламентарни работи
- Марлин Шиапа (Marlene Schiappa), министерка за социјални работи
- Софи Клацел (Sophie Cluzel), министерка за лица со хендикеп
- Мунир Маџуби (Mounir Mahjoubi), министер за дигитален развој
Претходно беше соопштено дека 46-годишниот Филип вчера го предаде составот на кабинетот до Макрон, но се претпоставува дека одобрувањето на кабинетот останало за денес поради одредени промени.
Се очекува дека кабинетот што ќе владее со Франција до парламентарните избори во земјата, утре да го одржи својот прв состанок под водство на Макрон.
Французите на 11 јуни ќе гласаат на општи избори. Доколку кандидатите за пратеник освојат најмалку 50 отсто од гласовите во првиот круг, директно ќе влезат во националното собрание. За оние места за кои не се освоени најмалку 50 отсто од гласовите, ќе се оди на втор круг избори. Во вториот круг, на 18 јуни, ќе можат да учествуваат тие што во првиот круг освоиле над 12,5 отсто од гласовите, и во овој круг, кандидатот кој ќе освои најмногу гласови ќе биде избран за пратеник.