Merve Topuz
04 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
СИВАС (AA) - На подрачјето на градот Сивас, на северот на Турција, изградени се куќи по примерот Хобит домовите од филмот „Господар на прстените", јавува Anadolu Agency (AA).
Токму како во филмот, овие куќи се дизајнирани за живот под слојот на земјата и тревата. Општината Сивас се одлучи на изградба на куќите поради познатиот филм, кој има свои фанови ширум светот.
Со завршување на градењето на седум куќи завршена е втората етапа од овој проект кој опфаќа 24 хобит куќи. Во секоја куќа има се што им е потребно на оние кои ќе одлучат да поминат одредено време, од кујна па до спална соба.
Градоначалникот на Сивас, Сами Ајдин изјави дека очекуваат туристи како од Турција, така и надвор од нејзините граници. Според неговите зборови има голем интерес за престојување во хобит куќите.