Levent Tok,Burak Karacaoğlu,Selen Temizer
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
АНКАРА / ИДЛИБ (АА) - Во рамките на договорот кој го постигнаа Турција, Русија и Иран, привршуваат подготовките на некои елементи од Турските вооружени сили (ТСК) да тргнат кон областа Идлиб во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција ја зголемува својата поддршка во подрачјето на Идлиб, кое до скоро време беше подрачје на најнасилни судири меѓу воени групи и опозицијата од една страна и режимските сили на Башар ал Асад од друга страна.
Областа Идлиб се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, на границата со Турција. Во рамките на договорот меѓу Турција, Русија и Иран постигнат во Астана, главниот град на Казахстан, со цел да се намалат тензиите, подрачјето беше вметнато во зоната без судири.
Договорот е постигнат по интензивни преговори меѓу Турција, која е гарант на опозицијата и Русија, која е гарант на силите на режимот.
Идлиб се наоѓа под контрола на воените групи кои се борат против режимот и некои опозициски групи.

- Што ќе прават во Идлиб турските војници?
Елементите на ТСК ќе заземат место во границите на областа Идлиб со цел намалување на тензиите во подрачјето. Должноста ќе им биде да го обезбедат прекинот на огнот меѓу силите на режимот и локалните воени елементи и да ја одржуваат таквата состојба. За таа цел, елементите на ТСК ќе постават контролни и набљудувачки точки.
- Дали ТСК подготвува операција? Против кого?
Воените и дипломатските извори посочуваат дека не станува збор за операција, туку активност за позиционирање на елементите на ТСК. За време на распределувањето и потоа, цел не се судири со локалните елементи или силитена режимот на Асад. Но ТСК ги презедоа сите мерки за можни безбедносни ризици.
- Што се очекува со распределувањето?
За да се спроведе распределување без проблеми, се проценува статусот на локалните вооружени групи. Локалните групи се против доаѓање на некои групи на ОСА (Ослободителна сириска армија)
Во Идлиб има голем број вооружени групи кои се борат против режимот и опозициски групи.
Движење Тахрир Шам кое се бори против режимот, се истакнува поради зголемените активности во Идлиб кои ги спроведува во последно време. Тоа движење поседува значителна воена моќ, и покрај тоа што во последните месеци се издвои од останатите компоненти.
Движење Тахрир Шам не даде директна изјава дека не сака распределување на турските војници во подрачјето. Од друга страна, оваа група и некои претставници на опозицијата се против во Идлиб да дојдат групите на Ослободителната сириска армија (ОСА) од кои се подготвуваат во подрачјето кое беше ослободено во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“. Движење Тахрир Шам истакнува дека групите кои се очекуваат да дојдат во подрачјето треба да ја добијат поддршката на САД.
ТСК, проценувајќи ја состојбата во подрачјето како чувствителна, очекува обезбедување на најбезбедни услови за свое распределување.
- Зошто Идлиб е значаен?
Идлиб е подрачје во кое за време на граѓанската војна во Сирија е доживеан најнасилен бран на напади.
Откако режимот ја препушти контролата над Идлиб и Русија во октомври 2015 година се вклучи во војната, поддржувајќи го режимот, во подрачјето започнаа голем број воздушни напади.
Од друга страна, цивилите кои бегаа од внатрешноста на Сирија и се засолнија во тоа подрачје, Идлиб стана област во која се заглавени милиони лица.
Доколку не се одржува прекинот на огнот, постои можност режимот на Асад, силите поддржани од Иран и Русија во блиско време да започнат нов насилен бран во Идлиб.
Во тој случај се очекува на границата да настане колапс откако милиони лица ќе се обидат да влезат во Турција. На самата граница со Турција од сириска страна се наоѓаат кампови во кои се згрижени повеќе од 1 милион лица.
Според податоците на локалната цивилна администрација, Идлиб има 2,4 милиони локално цивилно население и околу 1,3 милиони сиријски државјани кои се згрижени во областа.
ТСК кои планираат да се позиционираат со цел одржување на прекинот на огнот во Идлиб, ќе придонесе воспоставување на безбедност во градот, а истовремено ќе го спречи новиот бран бегалци.
- Каква врска има Идлиб со заканата од ПКК?
Африн, кој му припаѓа на обаласта Алепо и се наоѓа на самата североистона граница на Идлиб, од 2011 гоина е под окупација на терористичката органзиација ПКК/ПЈД.
Оваа органзиација настојува да презеде еден дел од Идлиб, за да воспостави коридор преку кој од границата со Ирак би излегна на Средоземното Море.
Турција според договорот од Астана, ќе воспостави воена линија во рамките на градот, што воедно ќе биде и безбедносен ѕид од ширење на терористичката органзиација од Африн кон Идлиб.