Sertaç Bulur
28 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
АНКАРА
Тимовите на Крајбрежната стража на Република Турција во текот на 52 интервенции од 13 до 25 декември фатија 991 мигрант, 10 криумчари на луѓе и спасија 526 мигранти кои беа истуркани во турските води од грчките сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Канцеларијата на Крајбрежната стража на Република Турција наведено е дека тимовите посветено работат дење и ноќе за да спречат премини на границите што не се во согласност со меѓународното право и закон.
Кажано е дека во тие рамки, во текот на 52 интервенции од 13 до 25 декември се фатени 991 мигрант и 10 криумчари, а спасени се 526 мигранти кои во турските води биле истуркани од грчките сили.
Наведено е дека некои мигранти, поради политиката на грчките сили, стратегијата на истуркување и притисок, ја смениле рутата кон Италија. Истакнато е дека така дополнително им се загрозени животите, што ја зголемува загриженоста поради можни нови страдања.
Порачано е дека Крајбрежната стража ќе продолжи да ги спречува чекорите што не се во согласност со законот и меѓународното право со почитување на човековите права и принципи на пружање помош на сите на кои им е потребна.