ПОДГОРИЦА (AA) - Црна Гора денес го одбележува Денот на независноста. Пред 10 години, со одлуката на 55,5 отсто од гласовите на граѓаните на Црна Гора, обновена е независноста. Изминатата деценија ја одбележа силен напредок на државата на патот кон ЕУ и НАТО, но и непомирувањето на страните кои застапуваа различни идеји на референдумот. Сепак, оваа држава се погрижи со добри резултати на меѓународен план да го заслужи епитетот "регионален лидер".
Соговорниците на Anadolu Agency зборуваат за тоа колку Црна Гора успеа да направи институции во претходните десет години, како и колку се активни поделбите од времето на референдумот.
Според официјалните резултати, на референдумот на 21 мај 2006 година гласаа 419.240 граѓани или 86,5 отсто од вкупниот број на гласачи, а независноста ја поддржаа 230.661 граѓанин, или 55,5 отсо, додека за останување во заедничка држава со Србија беа 185.002 граѓани, односно 44,5 отсто.
- ЕУ и евроатланските интеграции приоритет-
Веднаш по остамостојувањето, надворешно-политичкиот курс на Црна Гора станаа европските и евроатланските интеграции. На патот кон придружувањето на Европската унија, Црна Гора отвори 22 преговарачки поглавја, а се наоѓа на прагот на полноправно членство во НАТО.
Пратеникот на Демократската партија на Социјалистите (ДПС) Обрад Станишиќ, која пред референдумот но и сега е стожер на власта во Црна Гора и го предводеше движењето за независност, вели дека е задоволен со резултатите остварени од 2006 година.
„Државноста на Црна Гора не трае деценија, државноста на Црна Гора трае милениум. Ова е за нас голем јубилеј, бидејќи на 21 мај, дојдовме до независноста на најдемократски начин на светот. Со референдум, без ниту една капка солза, да не речам нешто друго. Ние денес живееме во држава која за десет години прачтично стана членка на НАТО сојузот, која за неполни четири години отвори две третини преговарачки поглавја за членство во ЕУ, која со својата регионална и меѓународна соработка е пример. Иало мала држава, Црна Гора е фактор на стабилноста на Западен Балкан", смета Станишиќ.
- Приватна или држава на граѓаните -
Од друга страна, приврзаникот на негогашниот блок за заедничка држава со Србија, а денес претседател на Демократската народна партија Милан Кнежевиќ, во изјава за АА вели дека 2006 година бил во право.
„Бидејќи по десет години е заокружена и создадена приватна држава Црна Гора. Очекувањата на оние кои беа за независна Црна Гора и оние кои беа за заедничка држава со Србија се идентични. Имаме големо разочарување, лутење, безперспкетивност, тоа го чувствуваат граѓаните без оглед на националната и политичката опредебла. Додека од друга страна, два отсто од граѓаните собрани околу премиерот Ѓукановиќ го досонува својот сон и создаде приватна држава", вели Кнежевиќ.
Посебен печат на црногорската независност и дадода припадниците на малцинствата кои речиси стопроцентно ја поддржаа идејата за независност. Пратеникот на Бошњачката партија во Собранието на Црна Гора Суљо Мустафиќ смета дека се подобри положбата на малцинствата од 2006 година. Меѓутоа напоменува дека состојбата во економијата не е подобра.
„Ова е еден историски настан, најголем во поновата историја на Црна Гора. Многу сме горди што малцинските народи, Бошњаци, Албанци, Хрвати и други учествуваа во сето тоа на начин да дадоа убедлива поддршка, речиси стопроцентна. Ќе потсетам дека Рожаје, Улцињ, Цетиње, Плав и Бар дадоа голем придонес во обновата на независноста. Освен Цетиње, во овие останати градови генерално живеат припадниците на малцинствата. За овие десет години направени се големи чекори во интеграцијата на овие народи во општествените институции. Направени се бројни законски решениа кои ја унапредија положбата на малцинствата.Но, околу имплементацијата на тие решенија не сме задоволни", вели Мустафиќ.
- Подрачјата со малцинствата се најнеразвиени-
Мустафиќ се надвоврзува дека подрачјата во кои живеат немнозинските народи и денес се најнеразвиени.
„Посебно не чини незадоволни вкупната економска состојба во Црна Гора. Генерално, подрачјата во кои живеат малцинствата се подрачја кои се неразвиени, каде има многу невработени. Економскиот напредок не можеме да сметаме дека е добар", вели Суљо Мустафиќ.
Црна Гора во изминатата деценија вложи одредени напори и кога се работи за почитување на стандардите за човековите права на најзагрозените во општеството. Одржани се четири Паради на гордоста, но и забележени се неколку десетици напади на припадниците на ЛГБТ популацијата. Напреавен е и прогрес во интегрирањето на Ромите.
- Поделбите не исчезнаа со годините-
„Постои поделеност, но не е како што беше. За жал, во главите на одредени луѓе, кои беа против независноста на Црна Гора, постојат одредени големодржавни проекти. Црна Гора сепак е стабилна, мултиетничка држава, меѓународно признаена и 29-членка на НАТО сојузот, а наскоро и 29-членка на ЕУ", оценува Обрад Станишиќ од ДПС.
Дека постојат поделби и денес, верува и Милан Кнежевиќ од Демократската народна партија (ДНП).
„Ние сметаме дека референдумот е покраден, објавивне бела книва во коа се наоѓаат референдумски кражби и злоупотреби. Она што ми дава за право да го тврдам ова се изјавите на премиерот Мило Ѓукановиќ, кој рече дека Црна Гора во моментот се наоѓа помеѓу два поделени брега и дека не постои мост кој би можел да ги спои тие брегови. Истражувањето кое го направи Демократската народна партија пред 20 дена јасно покажа дека во овој момент, само 50,3 отсто граѓани повторно би гласале за независна Црна Гора. Јас како реален политичар, ја прифаќам политичката реалност дека Црна Гора е незавизна држава и немам намера да обновувам заедничка држава. Не се срамиме од идејата која ја пропагиравме тогаш. Сите факти говорат дена нашиот модел беше посупериорен", вели Милан Кнежевиќ.
news_share_descriptionsubscription_contact
