Meltem Bulur,Zuhal Demirci
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека во мај ќе се состанат турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот американски колега, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во Анкара се состана со својот колега од Доминиканската Република, Мигел Варгас.
Министерот за надворешни работи, Чавушоглу, изјави дека Турција сака да ги зајакнат односите меѓу двете земји и нивните народи и дека поради тоа во Санто Доминго во 2013 година е отворена амбасада на Република Турција. Според неговите зборови, наскоро во Анкара ќе биде отворена амбасадата на Доминиканската Република.
Тој додаде дека се потпишани одредени договори за да им се олесни на претприемачите во таа земја, но и дека одредени договори се во фаза на преговори.
Чавушоглу изјави дека се подготвени за имплементација на договорот за економска соработка и дека тој ќе биде спроведен по одлуката на Советот на министри на Турција.
Министерот им се заблагодари на официјалните претставници од Доминиканската Република за нивното залагање во борбата против терористичката организација ФЕТО.
Запрашан за телефонскиот разговор на Ердоган и Трамп и за планираната посета на турскиот претседател во Вашингтон, Чавушоглу изјави дека двајцата лидери разговарале за билатералните односи и изразиле желба за состанок во Вашингтон, за да ги развијат билатералните односи.
Тој додаде дека за тоа е разговарано со американскиот колега Рекс Тилерсон и дека ќе одредат датум пред самитот на НАТО.
Чавушоглу изјави дека Ердоган на Трамп му го кажал својот став кога станува збор за случувањата во Сирија. Турскиот министер изјави дека потсетиле на тоа дека за време на борбата против терористичката организација ДЕАШ не треба да се занемари политичкото решение и дека укажале на важноста на дејствувањето со вистинските групи, првенствено во операцијата во Рака.
Тој се осврна и на референдумот за сетот уставни промени во Турција, одржан во неделата, на кој турскиот народ изрази поддршка за воведувањето на претседателски систем во таа земја.
Тој додаде дека во Турција се повикани странските организации, меѓу кои и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), за да видат дека е воден демократски и транспарентен процес.
„Задачата на ОБСЕ е да се направи техничка анализа. Не може да прави политички анализи. Нема право на тоа“, потсети Чавушоглу.