Admir Fazlagikj
15 Април 2016•Ажурирано: 16 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Четврти ден како граѓаните протестирајќи го изразуваат своето незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари против кои се водат истраги во моментов, јавува Anadolu Agency (AA).
И денешниот протест започна пред зрадата на Специјалното јавно обвинителство, каде што илјадници насобрани граѓани изразија поддршка на тимот на СЈО, после што се упатија кон зградата на Собранието на Република Македонија, но полицијата ги спречи да стигнат до предвиденото место, после што демонстрантите се упатија кон плоштадот Македонија за на крај да завршат пред зградата на Владата.
Претходно, полицијата им го блогираше патот на демонстрантите пред главната крстосница пред зградата на Владата во центарот на градот, а по кратко време и дозволи да поминат и да протестираат пред Владата.
И со вечерашниот протест, граѓаните побараа оставка од претседателот Иванов и како што велат создавање на услови за одржување на фер и демократски избори.
Инаку, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето денешно обраќање до јавноста изјави дека останува на одлуката за помилување на политичарите бидејќи, како што рече одлуката е донесена искучиво во интерес на државата и граѓаните на Република Македонија.