Bayram Altuğ
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ЖЕНЕВА (АА) – Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, на седмиот ден од преговорите за Сирија во градот Женева, Швајцарија, по вторпат во ист ден се сретна со опозицијата. „Денешниот ден ќе биде важен ден“, рече тој, истакнувајќи дека е задоволен од постигнатата состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Мистура, доцна вечерта ненадејно дојде во хотелот каде што престојуваат опозициските членови.
Тој даде изјава по завршувањето на средбата со опозициската делегација предводена од страна на Насир ел-Харири, втора во истиот ден, а средбата траеше повеќе од 2 часа. „Одржавме корисна средба. Имавме можност детално да дискутираме за сите точки од дневниот ред. Денешниот ден ќе биде важен ден“, истакна тој во својата изјава.
Де Мистура го пофали ставот на опозицијата на средбата, како и начинот како тие се справиле со прашањата. Тој нагласи дека оваа точка е значајна за нив.
Се очекува Де Мистура денес да се сретне и со делегацијата на режимот, предводена од страна на Башар Џафери.
На седмиот ден од преговорите, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура одржа одделни средби со делегациите на опозицијата и на режимот во канцелариите на ОН во Женева.
По средбата, делегацијата на режимот не даде изјава, додека Насир ел-Харири во името на опозицијата рече дека според добиените информации од ОН, се согласиле да разговараат во врска со прашањето на режимот за управување на транзицијата.
По средбите во ОН, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Генати Гатилов се сретна со делегацијата на сириската опозиција.
Опозицијата побара од Русија да ја спроведе својата обврска за прекин на огнот. Од руската страна беше соопштено дека продолжувањето на средбите зависи од состанокот што ќе се одржи во Астана.
Четвртите преговори во Женева започнаа на 23. февруари, под покровителство на ОН.