Ekip,Ahmet Ekici
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
АНКАРА (AA) – Бројни турски невладини организации денеска ширум земјата ќе одржат протести по повод интервенциите и нападите на израелската полиција на џамијата Ал Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Почнувајќи од Истанбул и главниот град Анкара, невладините организации во градовите ширум Турција за денеска најавија протести и прес конференции на кои ќе ги осудат нападите на израелската полиција на џамијата Ал Акса.
Претседателот на турската хуманитарна организација Ихх Булент Јилдирим денеска во Истанбул, во присуство на десетици имами, професори и академици, ќе прочиа соопштение во врска со последните случувања во Ерусалим.
Пред генералниот конзулат на Израел во Истанбул за 11 часот е најавен протест, а во 12 часот и протестен марш насловен „Разбудете се муслимани, окупирана е вашата прва кибла (правец кон кој се насочуваат муслиманите при молитва)".
Слични програми за денеска, но и во текот на викендот најавени се во Анкара, Адана, Анталија, Бурса, Чанаккале, Ескишехир, Билечик, Дијарбакир, Бингол, Едрине, Ерзурум, Ардахан, Ерзинџан, Тунчели, Карс, Игдир, Газиантеп, Килис, Малатија, Измир, Кајсери, Коња, Сакарја, Самсун, Трабзон, Ван, Хакари, како и бројни други градови.
Израелските безбедносни сили во понеделник по четири дена ја укинаа забраната за влез во Стариот Град во Источен Ерусалим, но силните тензии во тој регион и понатаму траат. Во текот на интервенцијата на израелската полиција во последните денови повредени се десетици Палестинци, неки од нив се во критична состојба.
Локалното муслиманско население во комплексот Ал Акса не можеше да влезе од петок до понеделник, а израелските сили се во недела и на влезот во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори од метал. Локалните Палестинци протестираат поради тоа и одбиваат да влезат во комплекс, туку намазите ги извршуваат пред комплексот.
Кризата во источен Ерусалим ескалираше во петокот наутро, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа резултираше со масовно стампедо во коешто беа повредени неколку лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата. Израелската полиција потоа нареди да се затвори комплексот Ал Акса, а Палестинците за првпат по окупацијата од 1967 година, петочната молитва ја извршија надвор од ѕидините на Стариот Град.