Deniz Çiçek Palabıyık
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за трезор и финансии на Турција, Берат Албајрак, оствари телефонски разговор со германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на ова турско министерство, двајцата министри разговараа околу одлуките за санкции на САД, за направените чекори против економијата на Турција, и се согласија дека треба да се направат чекори за зајакнување на економската соработка, како и за започнување заемни работи во оваа насока.
Шолц нагласи дека моќната економија на Турција има големо значење и за Германија и за Европската Унија (ЕУ).
Албајрак изрази задоволство и упати благодарност за изјавите за поддршка што Германија ги даде по неправедниот став и практики на САД кон Турција.
Албајрак рече дека изјавите на властите на Германија и ЕУ, пред сè на германската канцеларка Ангела Меркел, ја зголемуваат веродостојноста во општеството во насока на иднината на односите меѓу Турција и Германија и ЕУ.
Турскиот министер Албајрак нагласи дека поддршката дадена за Турција во овој процес дава надеж за еден период во кој може да се добијат позитивни резултати во односите меѓу Турција и ЕУ со заемен пристап.
Двајцата министри се согласија за состанување на делегациите на министрите во Берлин на 21 септември, по започнувањето на меѓусебните работи во најкраток можен рок.