Elvir Hocic
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Владата на Шпанија му даде нов рок на претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон, до четврток јасно да одговори дали прогласил независност на таа покраина, јавува Anadolu Ageny (AA).
„Пучдемон не се изјасни при што на сила стапува нов рок. Мора да ја разјасни работата за декларацијата на независност, да ја повлече или да каже дека не ја ни донел“, изјави денес во Мадрид потпретседателката на шпанската Влада, Сораја Саенц де Сантамарија.
Официјален Мадрид го обвинува каталонскиот врв дека подлегнал на притисоците на радикалните елементи во покраинската влада, за каква се смета партијата Кандидација за народно единство (CUP), која утринава го повика Пучдемон да ја прогласи независноста на Каталонија.
Доколку Пучдемон не одговори на барањето на официјален Мадрид до четврток изутрина, Владата на Шпанија би требало да активира уставна одбредба за воведување на принудна управа во Каталонија и одземање на автономијата.
Рано утринава, челникот на Каталонија, Пучдемон, во писмо упатено до шпанската влада предложи преговори, но не се изјасни дали веќе формално прогласил независност на таа покраина.
Премиерот Маријано Рахој го одби барањето за дијалог, а го повтори барањето за изјаснување на каталонскиот претседател.