Ekip
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
МАДРИД (АА) - Шпанските гласачи дадоа еден удар на традиционалната шпанска политика, вчера, на општите избори, владеачката партија го изгуби мнозинскиот број гласови како резултат на појавата на двете нови партии во бипартискиот систем, јавува Anadolu Agency (AA).
Народната партија, раководена од актуелниот премиер Мариано Рахој победи, но освои мал број гласови за да може самостојно да формира влада, но нема гаранции дека ќе владее со неа. По резултатите од гласањето, шпанскиот Конгрес е многу фрагментиран и не е јасно сè уште дали ќе има одредени договори или ќе се соочи со ќор-сокак
Народната партија освои 122 места во Конгресот со 98 отсто од избројаните гласови. Ова е остра загуба за разлика од претходните избори а далеку од 176-те места кои се потребни за самостојно формирање влада.
Социјалистичката партија, традиционалната опозиција на десничарко ориентираната Народна партија, е на второ место со освоено 91 место. Ова се најлошите изборни резултати во нивната историја, дури и од поразот на изборите во 2011 година.
Левичарското крило партијата Podemos (Ние можеме), основана во 2014 година по протестите против мерките за штедење, е на трето место со 69 места. Граѓанската партија се соочи со разочарувачки резултати, со само 40 места и четврто место. Пред овие избори, ниту една од овие две партии немаше места во Конгресот.
Од вкупното население во земјата од 46,7 милиони луѓе, 36,5 милиони имаат право на глас. Од нив, скоро 73 отсто излегоа на гласачките места вчера. Оваа стапка на излезност е малку повисока од последните избори во 2011 година, но се идентични со просекот од десетте претходни избори одржани во демократска Шпанија од 1977 година.
Во 2011 година, Народната партија освои 185 места а Социјалистичката партија 110, но изминатите четири години во Шпанија беа бурни. Поради разочарувањето на гласачите од традиционалните партии, новите партии Podemos и Граѓанската партија се појавија како бараните алтернативи.
Невработеноста, иако се намалува, сè уште изнесува 21 отсто, на второ место во Европа; мерките за штедење предизвикаа масовни протести, Каталонските сепаратисти се на работ на прогласување независност, а традиционалните партии се вплеткани во корупциски скандали.
"Денес се роди нова Шпанија", рече Пабло Иглесиас, лидерот на Podemos во неговиот говор по изборите.