Sarp Özer
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во однос на вонредната состојба во Турција рече дека таа регуларно ќе трае до 19 јули, додавајќи дека одлуката на Владата е Националниот совет за безбедност (МГК) да испрати барање за продолжување на вонредната состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
„На 19 јули завршува вонредната состојба во Турција. На Советот за национална безбедност ќе му предложиме да биде продолжена вонредната состојба“, истакна Јилдирим.
Турскиот премиер денес во Анкара изјави дека обидот за државен удар од 15. јули минатата година би успеал доколку терористите успеаја во намерата да го елиминираат него или претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган.
„Бевме одлучни, подготвени на смрт, или ние или тие. Тоа го одлучивме заедно со претседателот: Како можеше пучот на биде успешен? - Да успеаја да нѐ елиминираат мене и претседателот“, рече Јилдирим.
Тој додаде дека за неговата земја е неприфатлив пристапот на САД и некои европски земји кои го спречуваат одбележувањето на годишнинта од обидот за пуч во Турција.
„Од една страна се нарекуваат 'земји на слободата', а од друга страна ја критикуваат Турција, а потоа го спречуваат одбележувањето на годишнината од крвавиот обид за државен удар. Тоа е неискреност во вистинска смисла на зборот”, изјави Јилдирим.
Турскиот премиер нагласи дека пучистите на ФЕТО се убијци кои ги продале своите умови и крадејќи ги тенковите, хеликоптерите, авионите на турските воени сили, фрлаа бомби и пукаа во народот.
„Имаме плакати во врска со одбележувањето на 15. јули и на нив нема ништо што би можело некому да наштети. Сосема е јасно сето она што го зборувавме од самиот почеток. Тоа се терористи кои носеле униформи. Тие не ги претставуваат вооружените сили на Република Турција, тие се убијци со продадени умови, кои ги зедоа тенковите, пушките, хеликоптерите и авионите, и со куршуми и бомби фрлаа на луѓето“, рече Јилдирим.