A. Eda Ünlü Özen
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган го прими новоизбраниот претседател на владејачката турска Партија на правда и развојот (AK Parti) Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Приемот е приреден во Претседателската палата во Анкара, а Ердоган во таа прилика новоизбраниот челник на АК Партијата и досегашниот министер за транспорт, поморство и комуникации на Турција Јилдирим го именуваше за мандатар за состав на 65. Совет на министри на Република Турција.
Претседателот Ердоган преходно го прими и актуелниот премиер на Турција Ахмет Давутоглу кој во таа прилика поднесе оставка од премиерската функција.
Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател се наведува дека Ердоган ја прифатил оставката која му ја поднел премиерот Давутоглу и дека побарал неговата влада и понатаму да ги извршува своите работи до избор на новиот кабинет.
Денес во Анкара се одржа вториот вонреден Конгрес на АК Партијата на кој актуелниот турски министер за транспорт, поморство и комуникации Јилдирим е избран за нов претседател на партијата.