Sibel Kurtoğlu
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим најостро го осуди терористичкиот напад во Египет, во кој според последните информации загинаа најмалку 305 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим говореше на состанокот на турски дипломати во Истанбул, кој го организираше Дирекцијата за Турците во странство и сродни заедници (YTB).
„Најостро го осудувам предавничкиот напад во Египет. Да фрлате бомби и куршуми по луѓето за време на петочната молитва е надвор од секаква човечка рамка и исламот", рече Јилдирим и упати пораки на соучество на семејствата на загинатите и нагласи дека Турција се солидаризира со египетскиот народ.
Се осврна и на проблемот на бегалците во светот и на потребата за вложување на поголеми напори за решавање на глобалните прашања.
„Бројот на оние кои се во позиција на бегалци, надмина над 55 милиони лица. Во светот постојат само 25 земји кои имаат толку жители. Значи, 26-тата голема земја во светот е земја на бегалци. Ние живееме во таков свет. Овој свет не ги прави среќни милиајрди луѓе што живеат во него, ниту дава надеж за иднината. Затоа оние кои го водат светот, земјите под покривот на ОН, треба да преземат поголема одговорност, и за решавање на проблемите, и прашањата, треба да ја остават конкуренцијата настрана, и повеќе да се насочат кон соработка“ рече Јилидирим.
Обраќајќи им се на собраните неокгашни студенти од голем број земји кои завршија факултети во Турција, Јилдирим рече дека многумина од нив денеска се многу успешни во своите професии. Додаде дека денеска на состанокот се присутни бројни министри, инжинери, правници, бирократи, новинари од многу земји.
„Она што е нашето заедничко добро е нашето вечно братство, но и братство на нашите земји", рече Јилдирим и додаде: „Денеска во 160 земји имаме околу 150.000 турски дипломци. Ова богаство на човечки ресурс е најдобар пример колку Турција е една целина со братските земји, како и нејзиниот историски успех во градењето мостови на пријателство".