ВАШИНГТОН (АА) - КАСИМ ИЛЕРИ - Ако САД ја прекинат продажбата на петата генерација воени авиони од типот Ф-35 за Турција, или Турција се повлече од проектот, тогаш се претпоставува дека ќе се нанесе штета од милијарди долари врз Програмата Ф-35 со вредност од 400 милијарди долари, пишува Anadolu Agency (AA).
Во последните денови, изјавите на претставничката на американската воздухопловна команда, Хајди Грант, околу купувањето на рускиот ракетен систем за одбрана С-400 од страна на Турција, предизвикаа коментари во американската јавност дека Вашингтон може да ја прекине продажбата на Ф-35 за Турција или да наметне санкции на Анкара во врска со одлуката на турските власти за купување на рускиот ракетен систем С-400.

Но, Турција од самиот почеток е еден од деветте учесници на програмата Ф-35. Покрај тоа што Турција нарачала 120 авиони од типот Ф-35А, таа е и заеднички производител на делови на авионите, и е изведувач во одржувањето на моторите, и тоа многу ја намалува можноста Турција да биде отстранета од програмата.
Се претпоставува дека доколку програмата, која со својата вредност од 400 милијарди долари стана тема на големи дискусии во САД, продолжи без Турција, тоа ќе донесе дополнителен товар за другите партнери за повеќе од 12 милијарди долари.
Ако се земе предвид технолошката поддршка на турските компании за оваа програма, се оценува дека отстранувањето на Турција од програмата ќе биде голем удар за технолошкото унапредување на проектот.
Исто така, сегашната ситуација укажува на тоа дека програмата за Ф-35 е адут во рацете на Турција, а не на САД.
- Ако Турција не ги земе нарачките, тоа ќе чини 12 милијарди и 360 милиони долари
Воените авиони од типот Ф-35 се произведуваат во три верзии, и тоа Ф-35А (стандард), „Ф-35Б/СТОВЛ“ (кратко полетување - вертикален слет) и „Ф-35Ц“ (може да слета на носач на авиони).
Во 2018 година се очекува Турција да ја купи серијата Ф-35А, чија единечна цена првата година на производство во 2017 година изнесуваше 275 милиони долари, а се забележува оти заклучно со јули годинава вредноста на еден авион се намали на 95 милиони долари.
Еден авион од типот Ф-35А Турција во просек ја чини 103 милиони долари.
Во случај Турција да не ги зеде 120 нарачани авиони, тоа ќе донесе дополнителен товар од 12 милијарди и 360 милиони долари за партнерите на програмата Ф-35.
- Турските одбранбени компании играат значајна улога во проектот
Соработката на Турција со одбранбениот гигант „Lockheed Martin“ (Локит Мартин), кој е главниот изведувач на проектот Ф-35, познат и како програма „Joint Strike“ (Џоинт страјк), датира од 90-тите години, период кога биле купени воените авиони Ф-16.
Турските компании продолжуваат да соработуваат со „Lockheed Martin“ во областа на системски развој и вежба во рамките на проектот Ф-35.
Турската одбранбена индустрија во однос на индустриското учество игра значајна улога во процесот на програмата, како снабдувач на делови на програмата Ф-35.
Во овие рамки, се очекува придонесот на турските компании во програмата Ф-35 да достигне до вкупно 12 милијарди долари.
Десет значајни компании и институции како ASELSAN, „Kale Havacılık“ (Авијација Кале), „Mikrodalga ve Elektronik Sistemleri“ (Микробранови и електронски системи (МИКЕС)), РОКЕТСАН и „Uzay Endüstrisi“ (TUSAŞ-TAI) (Турската индустрија за авијација и вселена (ТУСАШ-ТАИ)), играат значајна улога како снабдувач во областа на производство на делови и електронски системи за авионите од типот Ф-35, како и за одржување на нивниот мотор.
- Деловите за елекетрични таргетни системи од „ASELSAN“
Турскиот гигант на одбранбената индустрија, „ASELSAN“ ги развива значајните делови на авионскиот електро-оптичкиот систем за нишанење за Ф-35. Оваа компанија истовремено соработува со американскиот одбранбен гигант „Northrup Grumman“, во областа развивање на „Електронски интерфејс управувачи за авионика ЦНИ“, за авионите од типот Ф-35.
- TUSAŞ-TAI со значајна улога во производството на трупот на Ф-35
Средниот дел од трупот на авионот Ф-35А, кој е најкомплицираниот дел од структурата на овој авион, освен во САД, се произведува само уште од страна на TUSAŞ-TAI.
Исто така, TUSAŞ-TAI ги произведува и надворешната каросерија и делот за оружје, како и фибер каналите за влез на воздух.
TUSAŞ произведува околу 50 отсто од алтернативната опрема на авионот од типот Ф-35. Оваа компанија во програмата игра улога како единствен снабдувач во регионот во врска со одржување, поправка и модернизација.
- Единствениот снабдувач на интерфејсот на ракетниот далечински управувач е од Турција
Единствениот снабдувач на две основни компоненти на воениот авион од типот Ф-35, интерфејсот на ракетниот далечински управувач и електронските картички на панорамскиот екран на кабината, е компанијата AYESAŞ (АЈЕСАШ) (компанија за софтвер и електроника Ајдин) со седиште во Анкара, и ова ја прави Турција еден од неопходните партнери во програмата Ф-35.
„Kale Havacılık“ (Авијација Кале), која од 2005 година досега ја поддржува програмата Ф-35, заедно со TUSAŞ-TAI ги произведуваат структурните компоненти и механизми на трупот на авионот од типот Ф-35.
„Mikrodalga ve Elektronik Sistemleri“ (Микробранови и електронски системи (МИКЕС)) е значајна турска одбранбена компанија во областа на електронското војување и одбраната. Оваа компанија обезбедува компоненти и делови за авионите од типот Ф-35 за компаниите како „British Aerospace Engineering (BAE)“ и „Northrop Grumman“.
- РОКЕТСАН
РОКЕТСАН заедно со ТУБИТАК врши развој, интеграција и производство на ракетата Stand-Off (SOM), која се користи во внатрешноста на Ф-35.
Ако се земат предвид сите овие фактори, уценувањето на Турција, која е еден од главните партнери на програмата Ф-35, се оценува дека е без основа.