Melda Altakhan
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
ЗОНГУЛДЛАК (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес порача дека владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) утре во турскиот Парламент ќе го достави предлогот за уставни промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим зборуваше на церемонијата на поставувањето камен-темелник за изградба на пристаништето Филјос, во северниот турски град Зонгулдак.
Премиерот истакна дека се работи за трет по големина проект за пристаниште во Турција, и додаде дека тој не е важен само за градот Зонгулдак, туку и за другите градови на брегот на Црното Море. Јилдирим истакна дека се во тек активностите на еден нов систем во кој, како што истакна, Турција ќе биде спасена од обидите за пуч, а нестабилоста ќе биде во потполност отстранета од турската политика.
„Заедно со Партијата на национално движење (МХП) подготвивме само еден предлог кој предвидува ограничени измени на уставот. Клубот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) утре во Парламентот ќе го достави предлогот за измени на уставот. Со среќа нека е“, порача Јилдирим.
Освен овој предлог, Јилдирим истакна дека со претседателскиот систем во Турција ќе биде завршен периодот на коалициите, и дека тој ќе донесе посилен парламент и посилна демократија.