Admir Fazlagic
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претедателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски соопшти дека по распуштање на Собранието, тој како претседател немам уставна или законска можност да закаже седница на Собранието на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Денеска примив Иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за покренување на постапка за утврдување на одговорноста на Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов. Во консултација со стручната служба на Собранието, а во согласност со едногласната Одлука на Уставниот суд на Република Македонија објавена во службен весник број 127 од 5 декември 2006 година, цитирам: „Со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“, јасно произлегува дека по распуштање на Собранието, јас како претседател немам уставна или законска можност да закажам седница на Собранието на Република Македонија. Верувам дека ова добро го знаат колегите пратеници", се вели во соопштението испратено од Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски.