ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Бегалската криза претставува сериозен проблем, кој е најголем од Втората светска војна за Европа и потребно е да се изгради заедничка стратегија на сите земји кои се соочуваат со кризата, вклучувајќи ги земјите од Европската унија, земјите од Балканската рута плус Турција, изјави министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски за време на неговата денешна посета на припадниците на безбедносните сили кои се наоѓаат на македонската јужна граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Јолевски потсети дека со зголемување на бројот на бегалците на јужната граница, Врховниот командант донесе одлука да се зголеми бројот на припадниците на безбедносните сили во областа на Гевгелија. Tој рече дека дека границата е делумно отворена и дека македонската полиција заедно со полицајците од партнерските земји се прават скенирање на луѓето коишто може да влезат и да го продолжат патувањето на север, а нивниот број зависи од бројот на бегалците којшто можат да го примат останатите земји кон северот од Балканската рута.
"Бројот на бегалци зависи од тоа што ќе биде договорено со земјите на север каде што се движат бегалците", истакна министерот Јолевски.
Тој потенцираше дека е потребно земјите од ЕУ, земјите од Балканската рута и Турција, да се договорат да направат заедничка стратегија со цел да изнајдат заедничко решение за справување со бегалската криза и сите предизвици кои таа ги носи.
"Во понеделник ќе има состанок во Брисел.Се надевам дека тој состанок ќе даде одредени резултати, бидејќи треба да се помогнат сите земји, како и на Грција, бидејќи гледате има околу 13 илјади мигранти само овде на границата, а уште дополнителни 60 илјади се внатре во Грција, дел од нив сакаат да одат кон север. Решението треба да биде заедничко, затоа Европа треба да изгради заедничка политика", истакна министерот Јолевски.
Меѓу останатото, министерот за одбрана рече дека бројот на фатени лица коишто се обидуваат илегално да ја поминат границата зависи од ден во ден, и се движи во интервал од десетина до стотина луѓе, зависно до ситуацијата, меѓутоа, рече Јолевски, тука е армијата да и помогне на полицијата со цел максимално да се заштити територијата на Република Македонија и да има помал број на илегални премини.
Инаку, во прифатно-транзитниот центар за бегалци "Винојуг" во Гевгелија има мал број бегалци. Утрово околу шест часот воз со 179 бегалци замина кон македонскиот северен граничен премин Табановце, додека вчера, воз со 416 бегалци замина кон Табановце.
news_share_descriptionsubscription_contact
