Handan Kazancı
21 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Јоргос Папандреу, претседателот на Социјалистичката интернационала и поранешниот грчки премиер, изјави дека бегалската криза во Европа ќе продолжи, јавува Anadolu Agency (АА).
"Ние сè повеќе ќе гледаме бегалски проблеми во светот и Европа ќе остане дестинација за бегалци ви се допаѓало тоа или не", рече Папандреу на прес-конференцијата на Универзитетот Богазичи во Истанбул во понеделникот.
"Тие ќе најдат начин, без разлика колку огради и ѕидови ќе се изградат, изјави 63-годишниот политичар, Јоргос Папандреу, претседателот на Социјалистичката интернационала и поранешниот грчки премиер" и додаде: "Но, тоа нема да бидат само Сиријците. Како што знаеме, многу од нив се од Авганистан, Иран, Ирак и од Африка."
Тој нагласи дека со следниот бран бегалци би можеле да пристигнат од со војна погодениот Јемен.
"Значи, ние мора да седнеме и да видиме како да се справиме со овој проблем", изјави Папандреу.
Турција и ЕУ на 24-ти ноември постигнаа план за бегалци според кој Турција вети дека ќе го задржува приливот на бегалци кон Европа во замена за либерализација на визниот режим и на забрзување на преговорите за членство во ЕУ. Папандреу рече дека овој договор е "многу важен чекор".
Говорејќи за кипарското прашање, тој рече дека решавањето на прашањето на тој медитерански остров "може да биде пример" за поделените општества.
"Ние можеме да покажеме дека има и други начини кои се многу подобри за општествата", рече Папандреу, со акцент на можноста за постигнување на брзо решение за кипарското прашање.