Ekipa
06 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, денеска ги предупреди земјите од Западен Балкан, коишто се надеваат дека ќе станат членки на Европската Унија, дека никој нема да пристапи во ЕУ додека не се решат граничните спорови со соседите, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер денес на парламентарците на ЕУ им рече дека овие проблеми мора да се решат пред пристапувањето, или нема да има понатамошно пристапување.
Неговото предупредување дојде по обраќањето на хрватскиот премиер, Андреја Пленковиќ, во Европскиот парламент.
Токму Словенија и Хрватска се две членки на ЕУ што имаат граничен спор по распадот на Југославија, во почетокот на 1990-те години.
Тие не се согласуваат со меѓународната пресуда со која ѝ се овозможува на Словенија непречен пристап до Јадранското Море.
Јункер предложи Црна Гора и Србија да добијат можност да се приклучат во 2025 година, доколку ги исполнат сите услови за членство во Европската Унија (ЕУ).
Европската комисија денес ќе се претстави со нова Стратегија за проширување на земјите од Западен Балкан, со која има за цел да ги поттикне шесте земји да ги интензивираат напорите за исполнување на критериумите.