Ata Ufuk Şeker
31 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ЛУКСЕМБУРГ (АА) Претседателот на Европската Комисијата , Жан-Клод Јункер зборуваше за постигнатиот напредок на Турција по прашањето за визната либерализација, истакнувајќи дека Турција има исполнето 69-70, од вкупните 72 криттериуми за визната либерализација, јавува Anadoly Agency (AA).
Јункер даде своја проценка за состојбата на Турција, за време на свечената церемонија одржана во Луксембург, по повод 40 годишнината од оснивањето на Европската Народна партија (ЕПП).
„Измената на законот за борба против тероризмот од Турција претставува услов на Европската Унија“, рече Јункер, притоа потврдувајќи го досегашниот постигнат напредок во реформите од страна на Турција.
„Моделот на договорот склучен со Турција е во склад со нашите интереси. Нема човечки жртви на нашите граници, и истите се заштитени“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.
Европската Комисија, на 4 мај ја донесе предлог одлуката за укинување на визите за земјите од Шенген зоната за Турција, при што како услов беа наведени 72 критериуми, од кои 5 остануваат да бидат исполнети. Меѓу нив спаѓа барањето за редефинирање на поимот за тероризам. Европскиот парламент донесе одлука за одложување на гласањето од Европската комисија, се додека не бидат исполнети и останатите критериуми.
ЕУ, како услов за визна либерализација за Турција ја поставува и измената на законот за борба против тероризмот, за кој Анкара смета дека е чин на недоволно разбирање од страна на ЕУ за чувствителната состојба во која се наоѓа Турција во однос на тоа прашање.