Emel Öz Gözellik
10 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
ЊУЈОРК (АА) - Интернет-страницата за споделување видеа, Јутјуб (YouTube), соопшти дека ќе преземе мерки во рамки на борбата против лажните вести, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Јутјуб, чиј сопственик е Гугл (Google), во рамки на борбата против лажните вести, корисниците ќе можат полесно да имаат пристап до безбедни извори на вести, особено на вести за флеш-настани.
Во соопштението се вели дека корисниците ќе можат да ги видат изворите на содржината на вестите кога ќе вршат пребарување на Јутјуб. Според соопштеното, тие ќе имаат информации околу изворите на видеата со новински содржини, и според тоа ќе се одлучат дали ќе ги гледаат.
Од друга страна, Јутјуб вети инвестиција од 25 милиони долари во наредните години во областа на новинарството.