Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
КЕЈП КАНАВЕРАЛ
Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) го пролонгираше лансирањето на ракетата „Фалкон хеви“ (Falcon Heavy), јавува Anadolu Agency (AA).
Основачот на „Спејс икс“, Илон Маск, соопшти дека поради силниот ветар е пролонгирано лансирањето на ракетата „Фалкон хеви“, која синоќа во орбитата требаше да биде пратена од вселенскиот центар „Кенеди“ (Kennedy) на Флорида.
„Спејс икс“ вечерва ќе се обиде да ја лансира „Фалкон хеви“.