Zeynep Özbay
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
БАЈКОНУР - Од космодромот Бајконур во Казахстан на пат кон Меѓународната вселенска станица беше исфрлена руската ракета „Сојуз“ чиј екипаж го сочинуваат руски, американски и јапонски астронаути, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 07:36 часот според локално време, руската ракета „Сојуз“ беше лансирана од космодромот во Казахстан и по десетина минути навлезе во орбитата околу Земјата. Се очекува по дводневно патување „Сојуз“ да пристигне до Меѓународната вселенска станица.
Екипажот на „Сојуз“ го сочинуваат рускиот космонаут Анатоли Иваншин, астронаутот од САД, Кејт Рубинс и Јапонецот Такуја Ониши, кои ќе им се причкучат на космонаутите Џеф Вилијамс од САД, Олег Скрипочка и Алексеј Овчинин од Русија, кои веќе престојуваат во Меѓународната вселенска станица.
Од месец март Вилијамс, Скрипочка и Овчинин ги извршат своите обврски во Меѓународната вселенска станица.