Bedrudin Brlyavac
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Луѓето во некои делови од Земјата по 36 години повторно уживаат во глетката на „Суперкрвавата сина месечина“, пишува Anadolu Agency (AA).
Овој необичен астрономски настан предизвика голема возбуда, бидејќи тоа е комбинација од три необични лунарни појави - супермесечина, сина месечина и целосно затемнување на Месечината
Месечината денеска ќе биде најблиску до Земјата во својата орбита и ќе изгледа 14 пати поголема и 30 проценти посветла.
Суперкрвавата сина месечина всушност претставува астрономски триплет или три небесни феномени кои ќе се појават заедно на небото, а станува збор за феноменот Супермесечина, Крвава Месечина и Сина месечина.
Супермесечината е феномен кога полната месечина се наоѓа поблиску до Земјата од вообичаеното. Кога Месечината станува црвеникава, тогаш оваа појава се нарекува Крвава месечина, а кога во еден календарски месец на небото двапато ќе се појави полна месечина, тоа е феноменот на Сина месечина.
Сепак, Европа не е меѓу местата каде што може да се види овој редок феномен.
Во него може да уживаат во Северна Америка, Азија, Средниот Исток, Русија и Австралија.
Овој лунарен настан беше последен пат забележан на 30 декември 1982 година, а тогаш можеше да се следи во Европа, Африка и во западна Азија.