Emre Aytekin
24 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
САН ФРАНЦИСКО (AA) - Научниците открија дека на земјиниот сателит Месечината, водата е многу пораспространета и ја има во изобилие, повеќе од она што претходно се претпоставуваше, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународен истражувачки тим на американската агенција за вселенски истражувања (НАСА), кој ги користи мерните алатки на „Lunar Reconnaissance Orbite“ (LRO) потврди дека водата постои на сите географски ширини на Месечината, без оглед на времето или локацијата.
„Гледаме дека сигналите за водата постојано се достапни во секое време од денот или на било која географска широчина“, рече Џошуа Бандфилд од американскиот Институт за вселенски науки во Колорадо, кој го предводи истражувањето.
Во претходните студии се сугерираше дека водата се задржува само во поларните географски широчини на Месечината и дека сигналите за водата се намалуваат и исчезнуваат во рок од 29,5 дена (еден месечен ден).
Истражувачите се надеваат дека наодите ќе бидат корисни за да се разбере како водата достигнила на Месечината и дали може да се користат овие водни ресурси.
Сѐ уште е мистерија како настанала водата на Месечината. Најчеста хипотеза во овој поглед е дека до формирање на водата дошло со акумулација на молекулите на кислород и водород на површината на Месечината донесени од страна на сончевите ветрови. Друга хипотеза е дека водата била складирана во минерали кои учествувале во формирањето на Месечината пред милијарди години.
Научниците исто така се обидуваат да дознаат дали до водата на Месечината може да се однадвор. Доколку тоа е можно, тогаш астронаутите можат да ја користат како вода за пиење или како гориво за вселенски возила кои работат на водород.
Наодите од истражувањето се објавени во списанието „Nature Geoscience“.