Ayşe Aktaş
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Компанијата „Мун Експрес“, која учествуваше на натпреварот „Лунар X-прајз“ на Гугл, го добила потребниот фонд за спуштање на вселенско летало на Месечината, јавува Anadolu Agency (AA)
Партнерот на основачите на фирмата „Мун Експрес“ и нејзин управител, Боб Ричардс, во својата изјава за „Флорида тудеј“ вели дека фирмата обезбедила доволно материјални средства за да испрати мало вселенско летало на Месечината.
Тој забележа оти сакаат да започнат со истражување на Месечината, испраќајќи на земјиниот сателит вселенско летало кое би имало ниска цена на производство.
Компанијата обезбедила над 45 милиони долари од приватни инвеститори и од фондови за развој за да го тестира леталото наречено „Ем-икс-1E“ , кое е со големина како машина за перење. Таа започна со реставрација на објектот за лансирање Делта II на космодромот „Кејп Канаверал“.
„Мун Експрес“ лани стана првата приватна компанија којашто доби дозвола за бизнис патување на Месечината. Се планира леталото „Ем-икс-1E“ да биде лансирано на крајот од оваа година.
На натпреварот „Лунар X-прајз“ на Гугл, првата приватна компанија чиешто летало прво ќе слета на Месечината, ќе се движи 500 метри на нејзината површина, а потоа изработените фотографии со висока резолуција ќе ги испрати на земјата, ќе добие награда од 30 милиони долари, а втората фирма ќе освои награда од 5 милиони долари.
Единствен претставник на Индија е „Тим Индус“, кој има за цел во декември да го лансира своето вселенско летало со ракета на Индиската вселенска истражувачка организација.