Elena Trenchevska Chekovikj
15 Август 2025•Ажурирај: 19 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – Денес во Пекинг, Кина, започнаа Светските игри на хуманоидни роботи (WHRG), најавени како прво натпреварување од ваков вид во светот, јавува Анадолу.
Настанот привлече учесници и гледачи од компаниите за роботика, универзитети, хоби-клубови и ентузијасти за технологија.
Роботите се натпреваруваат во спортови како што се атлетика, гимнастика, фудбал и бокс, а целта е да се претстави напредокот во технологијата на хуманоидни роботи преку практична примена.
На отворањето на игрите, што ќе траат до 17 август, се одржаа трки на 400 метри и 1.500 метри, фудбалски натпревари 3 на 3 и 5 на 5, како и боксерски натпревари.