Mahmut Atanur
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинески археолози пронајдоа оризово поле старо 8.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува кинеската новинска агенција Синхуа, на локалитетот на истокот од Кина во државата Џиангсу, во покраината Сихонг, минатата година истражувачите пронашле остатоци кои потекнуваат од периодот на Неолитот. Во околината на локалитетот со големина од 100 метри квадратни откриено е оризово поле старо 8.000 години.
Околу 70 експерти, воглавно од државните музеи, арехолошки институти и универзитети, на конференцијата во месец април потврдиле дека станува збор за најстарото оризово поле на светот. Во истражувањата пронајдено е дека оризовото поле било поделено на парцели од по 10-тина метри, а во лабораториските испитувања на оризовото зрно е потврдено дека тоа е старо 8.000 години.
Се смета дека наодите ќе бидат значајни во истражувањата за изнаоѓање на почетоците на производство на ориз во Кина.
Од друга страна, Кина ја има водечката улога во производство на оризот во светот, но најголем дел од ова производство завршува на пазарите во Кина, бидејќи оризот има значајно место во кинеската кујна.