Besar Ademi
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за информатичко општество и администрација на Македонија во соработка со Агенцијата за економска соработка и развој на Австрија го спроведе твининг проектот финансиран од ЕУ "Поддршка на реформите во државната служба и јавната администрација", јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, во својот говор рече дека овој твининг проект претставува клучен документ за внатрешната способност на јавната администрација во земјата, додавајќи дека реализацијата на проектот ќе придонесе за демократијата во земјата.
"Овие внатрешни вештини, не треба да се гледат само како техничко решение, туку тоа е дигитална алатка која ја поддржува и демократијата, ја зголемува одговорноста и моќта на граѓаните. Ова е голем чекор во изградбата на еден вид на доверба и одговорност, тоа има врска со поддршката на демократските слободи и ефикасна влада ", изјави Орав.
Од друга страна, министерката за информатичко општество и администрација, Марта Aрсовска-Томовска, истакна дека ова е еден успешен проект кој го води министерството, бидејќи станува збор за проект кој има за цел да го развие механизмот во министерството, што ќе придонесе за иднината на регистрирањето на населението на Република Македонија.
"Овој проект претставува сериозен придонес кон понатамошното подобрување на квалитетот на административните услуги за граѓаните и бизнисите, за развојот и придобивките на граѓанското и демократско општество", рече Aрсовска Томовска.
Твининг проектот е во вредност од 2.600.000 €, кој се спроведува во периодот од 1 декември 2014 година до 27 декември 2015 година, чија цел е развојот и имплементацијата на механизмот да ги собере сите постојните процеси и идните системи и информации во јавната администрација на земјата, како и врз основа на препораките за регистрирање на населението и на гласачите.